Мајка има 26 години и 22 деца, неделно троши 5.800 долари за да ги прехрани: Нашите деца се иднината на светот

Мајка има 26 години и 22 деца, неделно троши 5.800 долари за да ги прехрани: Нашите деца се иднината на светот

Објавена во: Совети // Семејство

Многу парови сонуваат за денот кога ќе можат да основаат семејство. Планирањето на семејството, кое вклучува и раѓање на деца, секако е тешка работа, но се смета за исплатлива за оние кои навистина сакаат да го збогатат овој свет со нов човечки живот.

Пар во Батуми, Грузија го мисли истото, но во многу поголеми размери. Со 22 деца за одгледување, тие се надеваат дека тој број ќе продолжи да расте, без разлика на трошоците. Затоа запознајте ја 26-годишната Кристина Озтурк и нејзиниот 59-годишен сопруг Галип.

Двојката се запознала додека Кристина, по потекло од Москва, била на одмор во Грузија. Недолго откако се запознале, сфатиле дека судбината не ги споила случајно. Имено, и двајцата имале ист сон за големо семејство. Набргу по средбата решиле подобро да се запознаат и да го започнат патувањето за остварување на своите соништа. Моментално се родители на 22 деца.


„Нашето огромно и неверојатно семејство е нашето бесценето богатство, а нашите 22 прекрасни деца се нашата гордост. Викторија, Мустафа, Мерјам, Ајрин, Алиса, Хасан, Џуди, Харпер, Хусеин, Тереса, Ана, Изабела, Исмаил, Мехмет, Ахмет, Али, Кристина, Алена, Сара, Локман, Алпарслан и Оливија – тие се нашата среќа. Секој од нив дава топлина и љубов“, напиша Кристина на Инстаграм.

Кристина ја родила нивната прва ќерка по природен пат на 17 години.

Двојката првично планирала да има по едно дете годишно, но набрзо сфатиле дека нивните тела нема да можат да ја поддржат таа стапка на раст на семејството. Затоа се одлучиле за сурогат мајчинство, а во период од само 18 месеци станале родители на уште 21 дете.

„Мојот сопруг и јас ги вложуваме сите сили за да ги воспитуваме нашите деца да бидат здрави, среќни, чесни луѓе, исполнувајќи ги нивните срца со светлина и добрина. На крајот на краиштата, нашите деца се иднината на светот“, вели Кристина.

Кристина и Галип на сурогат мајките им платиле околу 138.000 фунти.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: