Мајка ми ме камшикуваше со кожен камшик, имам црни и сини лузни: Детство од пеколот што го потресе светот

Мајка ми ме камшикуваше со кожен камшик, имам црни и сини лузни: Детство од пеколот што го потресе светот

Објавена во: Живот // Живот

Шокантниот случај на злоупотреба на ова дете ги промени законите ширум светот...

Иако ги преживеала ужасите, случајот на Мери Елен Вилсон беше првиот што го покрена прашањето за заштита на децата од насилните родители или старатели.

Доколку сте живееле во САД кон крајот на 1860-ти години и сте имале домашно милениче, би морале да внимавате како се однесувате со него. Доколку сте го претепале или занемариле, тогаш новоформираното Американско друштво за спречување на суровост кон животот ќе ви го одземело, а потоа ќе сте биле казнети.

Тоа е добро, но изненадувачки, истото не може да се каже за тепање, занемарување или малтретирање на деца; според англиското обичајно право тие повеќе или помалку се сметале за сопственост на таткото.

И не само тоа, тепањето деца се сметало за нешто исправно, дури и христијанско.


Тоа биле принципи според кои живеееле повеќето родители, а бруталните темања биле вообичаени барем до доцните 1800-ти, а најверојатно и потоа.

Вака изгледал Њујорк во март 1864 година, кога таму се родила Мари Елен Вилсон. Нејзиниот татко Том Вилсон починал набргу по нејзиното раѓање, а нејзината мајка Френсис, која одеднаш останала без сопруг и пари, се нашла во тешка ситуација. Морала да почне да работи и немала време да се грижи за ќерката, па ја оставила во пансионот на Марта Скор.

Тоа функционирало извесно време, но како што се влошувала финансиската состојба на Френсис, таа работела сè понапорно и немала време да ја посети ќерка си и почнала да доцни со плаќањето на пансионот. Марта Скор, која немала намера да се грижи за туѓо дете на свој трошок, ја однела Мери Елен во Одделот за добротворни цели во Њујорк, некој вид на засолниште во тоа време.

Кога Френсис конечно застанала на нозе и се вратила да ја земе ќерка си, во пансионот ѝ било кажано дека детето починало.

Одделот во кој било сместено девојчето, го гледало детето како уште еден просјак кој ќе живее од тешко заработените пари на даночните обврски. Потоа, пристигнала брачната двојка Мекормак, која тврдела дека се нејзини биолошки родители. Детето им било предадено без многу проверка и документација.


Одделот никогаш не побарал доказ за родителството од Мекормак. Сè што биле обврзани да направа е еднаш годишно да се јавуваат во Одделот (што наводно го правеле само еднаш или двапати во следните седум години).

Набргу откако Мери Елен пристигнала во нејзиниот нов дом, Томас Мекормак починал, а неговата сопруга Мери повторно се омажила за Френсис Меконел и со Мери се преселила во неговиот стан на Западната 41-ва улица.

На оваа улица соседите биле сведоци на судбината на малата Мери Елен. Не било тајна дека „мајката“ постојано го тепала, камшикувала и сечела девојчето, го заклучувала со часови во плакар, ја терала да рбаоти напорна работа и да спие на под. Таа дури и забранувала да излегува во текот на денот.

Соседите често ја слушале Мери Елен како плаче и бара помош додека Мери Меконел ја тепала, понекогаш и по 15 минути без прекин, и тоа со првиот предмет кој ќе ѝ се нашол при рака. Страдањата на Мери Елен не престанале дури и кога нејзината „мајка“ не била дома. Тогаш ја оставала врзана или затворена во плакар.

Еден од загрижените соседи од улицата 41 ја замолил Ета Ејнџел Вилер, мисионерка која работела во таа област, да го провери детето. Под извовор дека побарала помош од Мери Меконел за да се грижи за својата болна соседка, Ета Вилер влегла во станот на Меконелс за да ја види состојбата на девојчето.

Иако била предупредена за ситуацијата со која ќе се соочи, сепак се шокирала кога ги видела ужасните рани, изгореници, модринки и красти, како и старите полузалечени лузни на рацете, нозете и лицето на девојчето. Мери Елен била бледа и застрашувачки слаба во валкана, излитена облека.

Ета веднаш почнала да ги истражува правните опции за отстранување на Мери Елен од таа куќа, но локалните власти не сакале да одговорат. На Ета ѝ кажале дека е подобро Мери Елен да биде со г-ѓа Меконел отколку во засолништето. Со други зборови, ѝ кажале дека детето треба да биде благодарно што не е на улица.

Каде и да побарала помош, Ета наидувала на скептицизам и бирократија. Која е таа да ги суди казнените методи на г-ѓа Меконел.

Ета била очајна. Тогаш нејзината внука ја советувала да разговара со Хенри Берг, харизматичниот лидер на движењето на животните во САД и основач на ASPCA.

Берг успеал да го привлече вниманието на јавноста на неколку случаи на злоупотреба на животни, кои предизвикале гнев кај луѓето и кои ги искористил за значително да го зголеми бројот на поддржувачи на ASPCA, го поттикнал брзото усвојување на законите за правата на животните и го инспирирал создавањето на здруженијата за заштита на животните низ целата земја.

Ета на почетокот се налутила и кажала дека Мери Елен не е животно, но на крајот попуштила. Господин Берг бил љубезен и прекрасен човек со врски во многу владини агенции. 

Се согласил да ѝ помогне. Тој ѝ кажал на Ета дека се потребни докази со кои ќе ги потврди своите тврдења, а потоа дека ќе ѝ помогне да го изгради случајот.

Ета одела од врата на врата за да собере сведоштва за злоупотребата на Мери Елен, а Берг испратил истражувач од ASPCA (претставувајќи се како работник за попис) за да ги потврди наводите. Потоа ангажирал еден од адвокатите на ASPCA, Елбриџ Томас Џери, да подготви петиција и да побара од судот дозвола да ја отстрани Мери Елен од тој стан.

Знаејќи ја вредноста на гневот на јавноста во унапредувањето на целта, г-дин Берг контактирал со новинарите на Њујорк Тајмс, кои биле заинтересирани за случајот и присуствувале на сослушувањата. Деталните написи кои ја опишувале ужасната физичка состојба на Мери Елен почнале да се појавуваат во весниците. Така, наскоро во случајот се вклучиле и граѓаните на Њујорк. Берг и адвокатот на ASPCA тврделе дека законите што ги штитат животните од злоупотреба не треба да бидат поголеми од законите што ги штитат децата - термин што денес може да изгледа очигледен, но тоа не било таа во 1870 година.

Случајот потоа бил предаден на судот, а Мери Елен била земена од станот. Мери Меконел била изведена на судење во 1874 година.

Кога Мери Елен била повикана да зборува, била облечена во искината облека, имала модринки по целото тело и имала длабока исеченица на левото око и образот.

Сведочењето од кое сите присутни биле згрозени гласело вака:

„И татко ми и мајка ми починаа. Не знам колку години имам. Не се сеќавам на периодот пред да живеам со Меконел. Мајка ми имаше навика да ме камшикува и тепа скоро секој ден. Ме камшикуваше со кожен камшик. Камшикот секогаш оставаше црно-сини траги по моето тело. Сека имам црни и сини лузни на главата направени од мајка ми, а имам и исеченица на левата страна од шелото што ја направи со ножици. Ме удри и ме исече. Не се сеќавам дека некој некогаш ме бакнал - мама никогаш не ме бакнала. Никогаш не ме ставила во куст и не ме галела. Никогаш не се осмелив да зборувам со никого, бидејќи ако го направев тоа, ќе бев камшикувана. Не знам зошто ме камшикуваа - мајка ми никогаш ништо не ми зборуваше додека ме тепаше. Не сакам да се вратам да живеам со мајка ми, бидејќи таа ме тепа. Не се сеќавам дека некогаш сум излегла на улица во мојот живот.“

Мери Меконел била прогласена за виновна за тежок напад и осудена на една година напорна работа во затвор.

Кога судењето било завршено, судот ја сместил Мери Елен во засолниште за адолесценти. Верувајќи дека ова е несоодветна средина за 10-годишно девојче, Ета повторно интервенирала и побарала дозвола од судијата да ја сместат кај нејзината мајка, Сели Ејнџел. Кога починала госпоѓа Ејнџел, најмладата сестра на Ета Вилер, Елизабета, ја преземала грижата. Од тој момент живот на Мери Елен бил сигурен и стабилен.

Се омажила и имала две ќерки - Ета, именувана по Ета Вилер и Флоренс. Таа подоцна станала хранител на млада девојка по име Еунис. Нејзините деца и внуци ја опишувале како нежна и грижлива мајка и баба, која ретко зборувала за своето рано детство.

Дочекала длабока старост и умрена на 92 години.

Поради случајот на Мери Елен, граѓаните во Њујорк во 1874 година го основале Друштвото за спречување на суровост кон децата.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: