Мајка на змејовите: Антониа Гиговска откри од каде се инспирирала за да ја промени бојата на косата (ФОТО)
Младата пејачка често знае да изненади со промени...
Денерис Таргариен е еден од најпознатите и најомилените ликови кои се појавија во серијата „Game of Thrones“. Многу обожаватели на оваа серија не дозволуваат да се каже лош збор за „Мајката на земјовите“, а освен со својот карактер, таа ги освои сите и со својот изглед.
Многу девојки посакуваат да имаат боја на коса како нејзината - платинесто руса и од своите фризери ја бараат токму оваа боја на коса. Ништо поразлично не се ни познатите ѕвезди.
Една од нив е и младата пејачка Антониа Гиговска која повторно изненади со транформација, кога е бојата на косата во прашање. Овој експеримент се покажа како успешен, а на една од новите фотки, направени на плажа, таа напиша: „Мајка на змејовите“.
Овој коментар, беше доволен за да сфатиме од каде Антониа добила инспирација за оваа трансформација.
Инаку, ова не е првпат младата пејачка да експериментира со својот изглед. Досега косата ѝ беше бојадисана во розова, кафена, бакарна...фото: Принтскрин / Инстаграм