Мајка нарачала торта за својата аутистична ќерка: Реакцијата на луѓето од слаткарницата ја оставила без зборови (ВИДЕО)
Мајка нарачала торта за 13-от роденден на својата ќерка со аутизам, а трогателната реакција на луѓето од слаткарницата ја оставила без зборови.
Можете ли да замислите каква тага и болка чувствува детето кога никој не доаѓа на неговиот роденден? Токму тоа ѝ се случи на малата Ејми кога нејзината мајка поканила неколку деца на нејзината забава, но ниту едно дете не се појавило.
Ким кажа дека никогаш повеќе не сакала да се чувствува така нејзиното дете, па затоа никогаш повеќе не организирала роденденски забави. За Ејми, која е аутистична е тешко да пронајде пријатели, но таа навистина има златно срце.
Приказната на Ејми ја погодила Елизабет Скот од слаткарницата „Savage“, која разговарала со Ким кога била да нарача торта за Ејми. Таа била шокирана од фактот дека Ејми никогаш не добила вистинска роденденска забава.
Ким инсистирала тортата да биде украсена со цвеќиња, бидејќи Ејми била „опседната“ со нив. Елизабет ја прифатила нарачката, но сепак не можела да поверува дека 13-годишното девојче нема да добие роденденска забава.
Елизабет не можела да замисли дека девојчето никогаш немало роденденска забава, дека никогаш не го доживеало чувството пријателите да му ја пеат роденденската песна и дека никогаш не отварало подароци. Знаела дека нејзина должност е да ја прифати нарачката и да направи уште нешто.
„Ова ме погоди во срце. Реков дека ќе поканиме многу луѓе и ќе направиме посебна забава“.
Бидејќи и самата е мајка, Елизабет очекувала неколку луѓе да дојдат на забавата на Ејми откако објавила покана на Фејсбук страницата на слаткарницата. Воедно, се поврзала со „KultureCity“, организација која помага местата да станат прилагодени за личностите со аутизам, со надеж дека ќе направи нешто посебно за Ејми.
Д-р Џулијан Маха, основач на „KultureCity“ има 11-годишен син со аутизам. Многу добро разбира зошто Ким се плашела од роденденските забави.
„Никој никогаш не ве кани на нивните забави и никогаш не доаѓа на вашите“.
Џулијан донесе сосема ново возило за активирање на сензори кое е преполно со удобни фотелји, вреќи, разни играчки со вода, панели со различен текстил и други посебни карактеристики кои им помагаат на децата со аутизам да се смират. Сето тоа е многу возбудливо за сите нив.
„Другите деца ѝ се придружија на Ејми во автомобилот, што ѝ помогна со нејзината нервоза, а кога таа потоа замина на забавата, одлично се забавуваше“.
На изненадување на сите, на забавата дошле многу деца. Ејми се заљубила во еден подарок - шарено пиле кое се огласува.
За Ејми да се чувствува удобно, Елизабет ја прошетала низ слаткарницата и ѝ го покажала местото каде и ја направиле прекрасната роденденска торта. Тортата била убава и полна со цвеќиња, исто како што Ејми се надевала дека ќе биде.
Елизабет за медиумите кажа: „Денот беше многу посебен. Ејми постојано имаше насмевка на лицето“.
Ким не можела да верува дека нејзината ќерка конечно добила роденденска забава. Била уште пошокирана што сето тоа го организирал некој, кој за нивното семејство е странец.
фото: Принтскрин / Јутјуб