Мајка не знаејќи ја посвоила сестрата на својот посвоен син: Бог ми кажа да кажам „да“

Мајка не знаејќи ја посвоила сестрата на својот посвоен син: Бог ми кажа да кажам „да“

Објавена во: Живот // Живот

„Нешто ми велеше да се согласам. Ви велам, Бог ми кажа да кажам „да“, а не знаев зошто“ - објасни.

Самохрана мајка сега верува во чуда, откако не знаејќи ја посвоила сестрата на својот посвоен син.

Кејти Пејџ од Колорадо се развела во раните 30-ти со желба да стане мајка. Во 2016 година се одлучила да вдомува деца.

„Тоа беше на мојата листа за иднината и сакав да посвојам дете“ - кажа таа во интервјуто.

Пејџ вдомила четири деца пред да го посвои својот син, Грејсон на 25.05.2017 година. Потоа добила повик за уште едно дете на кое му требало дом, а тој момент таа сега го нарекува „чудо“.

„Не знам дали пред тоа верував во чуда, но сега во мене нема никаков сомнеж“ - кажа Пејџ.

Ја замолиле да се грижи за новороденчето Хана, која, како и Грејсон, била напуштена од биолошката мајка.

„Нешто ми велеше да се согласам. Ви велам, Бог ми кажа да кажам „да“, а јас не знаев зошто“ - објасни.

Не поминало долго време откако ја довела Хана дома и кога забележала дека името на нејзината биолошка мајка е исто како името на биолошката мајка на Грејсон.

„Социјалната служба ми ја раскажа нејзината приказна која беше слична како онаа на Грејсон“ - се присетува Пејџ. „Ја видов алката од болницата, а името на нејзината биолошка мајка беше истото име како името на биолошката мајка на Грејосн. Тоа не беше вообичаено име“.

Две недели подоцна, социјалниот работник потврдил дека Хана и Грејсон се всушност брат и сестра.

„Бев среќна со тоа што на Грејсон му дадов можност за живот и мислев дека тоа е добра одлука, но не чувствував дека е доволно. Така што, со тоа што му дадов сестра, не можев да замислам ништо подобро“ - раскажа Пејџ со солзи во очите.

Хана ја посвоила на 28.10.2018 година, а подоцна со тест е потврдено дека навистина се брат и сестра. Децата имаат уште еден биолошки брат од 5 месеци, за кој Пејџ настојува да го посвои.

„Бев самохрана мајка во куќа со четири соби, а сега секој од тие соби е полна“ - кажа Пејџ. „Никогаш не е здодевно. Луѓето ме прашуваат како успевам во сето тоа. Никогаш не помислив дека ќе имам три бебиња, но Бог никогаш не дава повеќе отколку што можеме да поднесеме“.


фото: Фејсбук
Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: