Мајка се онесвестила кога ја видела ќерка си во инкубатор: Ѝ рекле да ја остави во сиропиталиште, а еве каде е денес
Русинката Дарина Шпенглер (11) е родена без усни и брадата. Девојчето никогаш официјално не беше дијагностицирано, но се претпоставува дека малформацијата на лицето е резултат на реткиот Нагер синдром.
Во болницата каде што се породила Јелена Шпенглер, мајката на девојчето, на почетокот не сакале да го покажат бебето. Молела да и дозволат да ја види, а кога ја однеле во инкубатор останала шокирана.
Таа се онесвестила
„Ми се помрачи пред очи и се онесвестив“, вели таа.
После тоа, лекарите ја советувале да го даде бебето во сиропиталиште. Таа и нејзиниот сопруг Јуриј (49) не сакале да се откажат од своето дете. Кога закрепнала од шокот, мајката со денови се обидувала да го смири новороденчето кое плачело од болки, додека од устата му капела крв.
„Страшно е кога ќе видите осакатено бебе како плаче и не можете да и помогнете. Дарина плачеше дење и ноќе, а јас плачев заедно со неа“, вели Јелена.
Девојчето на шест години имало само 11 килограми бидејќи поради хендикепот не може лесно да внесе храна во телото, а не може и да зборува.
Се случувало луѓето да им кажат на родителите дека треба да стават маска на лицето на своето дете.
И покрај сè што преживеала, Дарина е весела девојка.
Оперирана е пред 5 години
Сепак, никој не можел да и помогне на девојчето во родната Русија, но со помош на добри луѓе и хуманитарни здруженија биле собрани пари за лекување во Лондон. Кога имала шест години, била оперирана во Лондон. Нејзината мајка тогаш изјавила дека се надевала дека Дарина полесно ќе дише по операцијата за реконструкција на лицето, но најмногу била среќна што нејзината ќерка ќе проговори.
„Не можам да ви кажам колку сакам да го слушнам нејзиниот глас, да ја слушам како вели „мама“. За мене нејзиниот глас ќе биде најубавата музика на светот“, изјави тогаш мајката Јелена.
Желбата на Јелена и се исполни, а операцијата на Дарина беше успешна!
Девојчето започнало на училиште во 2021 година, а дотогаш се школувала дома поради срамот од нејзината состојба.