Мајка се пофали со вештините на својата ќерката, а луѓето ја осудуja: Остави ја да биде дете
Што мислите вие за ова?
Во денешно време, социјалните мрежи се преплавени со блогери и инфлуенсери кои даваат совети како да се облечете, каква козметика да користите, а петгодишното девојче по име Касеим покажува како да се нашминкате.
Како модел, таа ја користи својата мајка, која исто така е шминкерка.
Иако има само пет години, девојчето ја шминка мајка ѝ Шелби како професионален шминкер, а нејзиниот талент го наследила од неа.
На социјалната мрежа Инстаграм, Шелби редовно објавува видеа на кои нејзината ќерка ја шминка, а луѓето секој пат се воодушевени од талентот на ова петгодишно дете, но често се појавуваат и луѓе кои сметаат дека девојчето е премало за да го прави ова.
„Не би дозволила моето дете да биде толку заинтересирано за шминка, дури и за игра. Детето треба да биде дете. Има време за овие работи“ - напиша една жена, а друга додаде дека мајката на девојчето треба да се запраша што ќе прави кога нејзината ќерка ќе наполни 18 години.
И покрај лошите коментари, имаше и такви на кои им се допаднаа трансформациите на малата Касеим и кои ја поддржуваат, а меѓу нив се познати шминкери како Марио Дедивановиќ и Ники Туторијалс.