„Мајка си ѝ или пријателка?!“ 9-годишната ќерка на Кортни со бојадисана коса, фустан без прерамки и во високи потпетици
Ќерката на Кортни Кардашијан ја бојадиса косата и носи високи потпетици и фустан без прерамки, а сето тоа ѝ дозволила позната мајка, која не гледа ништо лошо во сето ова.
Ако мислевте дека досега сме виделе се' кога се Кардашијан во прашање, уште еднаш да ве демантираме.
Иако од самиот почеток беше позната како слободоумна, сега се чини дека „малку и се олабавиле кочниците“, и дека се труди, според мислењето на многумина, „наместо да ѝ биде мајка, да се дружи со нејзината ќерка и да ѝ биде пријателка“.
Досега често е критикувана дека им дозволувала се' на нејзините деца, дури и на нивна штета. Особено откако е во врска со тапанарот со кој минува доста време и според многумина влијаеел на неа да си го премени начинот на живот.
Неодамна таа беше критикувана затоа што Пенелопе Дисик направи неколку прилично промискуитетни фотографии од неа и нејзиниот нов дечко, што на нејзиниот поранешен партнер Скот не му се допадна.
Меѓутоа, како тоа да не беше доволно, Кортни сега ѝ дозволи на својата 9-годишна ќерка да ја обои косата во бордо нијанса, а за новата година облече дизајнерски фустан без прерамки кој повеќе одговара за поголеми девојчиња, а таа сето тоа го дополни со чевли со висока потпетица и со пердуви напред.
Откако таа ги објави фотографиите, следбениците беа немилосрдни, а се чини дека критиките никогаш не биле полоши.
„Каква мајка си“, „Од ќерка ти правиш ...“, „Каков пример им даваш на другите“, „Да не е малку млада за фарбање на косата и штикли“, „Девојчр носи фустан од возрасна жена?!“, „Срам да ти е. Глумиш нејзина пријателка наместо да ѝ бидеш мајка“, „Не мора да си кул за да бидеш добра мајка“, „Таа е премногу мала за така“, „Страшно“ - се само дел од упатените коментари до малата Пенелопе и мајка ѝ Кортни.
Еден следбеник додаде подолг коментар:
„Вие што постојано велите дека сакате вашите деца да бидат деца и што критикувате некој затоа што ги облекувал своите деца како возрасни, сега ги надминавте сите. Пи е премногу млада за таков фустан, штикли, коса, нокти... Таа има цел живот да биде возрасна. Сите сакавме да ја фарбаме косата како деца и слично, но дали е тоа навистина добра работа? Зошто би оштетиле нечиј скалп ако има само 9 години?Наводно одржувате се околу вас природно и органско, а децата свесно ги труете со хемикалии..“
извор:wanted.mondo.rs
фотографии: PRINTCREEN/INSTAGRAM