Мајката на Бред Пит: Никогаш нема да ѝ простам на Анџелина Џоли

Мајката на Бред Пит: Никогаш нема да ѝ простам на Анџелина Џоли

Објавена во: Живот // Живот

Откако судот пресуди во корист на Бред Пит и тој конечно доби можност да има заедничко старателство над неговите шест деца со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, по пет години судска постапка, Бред Пит и Анџелина Џоли ќе бидат запишани во историјата на шоу-бизнисот како пар кој имал и бурен почеток (ја изневерил и ја напуштил Џенифер Анистон поради неа), но и уште побурен развод за кој се зборува повеќе години.

Анџелина Џоли до судот достави и документи во кои се споменува семејно насилство во кое беше вмешан Бред Пит.

Документите доставени сугерираат дека актерката и нејзините деца се подготвени да дадат докази за тврдењето. Џоли се согласи да сведочи, а и нејзините малолетни деца се согласни да го сторат истото, пишува американски магазин, што значи дека нивните шест деца ќе можат да го дадат своето сведочење на суд.

Извор близок до Пит тврди дека предавањето на новите документи не е ништо друго освен обид да му наштети на актерот. 

„Во последните четири и пол години имаше многу тврдења на Анџелина кои се неосновани“, тврди изворот. „И претходно ги користеше децата за да му наштети на Бред“.


Преку бурниот развод, неговата најголема поддршка ја дава неговата мајка Џeјн Пит, која според странските медиуми веќе подолго време не ја поднесува Анџелина Џоли и мисли дека судските пресуди за старателството на децата не се коректни.

- Џејн е тврда карпа и никогаш нема да и прости на Анџелина за се што помина нејзиното семејство, особено затоа што Бред не ги гледа децата онолку колку што треба- наведува извор за странски медиуми.

Џејн Пит (80), всушност, ја обвинува Анџелина затоа што, како што верува, му го уништила животот на синот и таа никогаш нема да и прости затоа што се однесувала кон него на суров и манипулативен начин. Бред Пит едвај имал некаква врска со неговите деца откако се развеле и неговата мајка не сака да остави тоа да продолжи.

Нетрпеливоста отиде толку далеку што Џејн е подготвена да и одржи лекција на Анџелина, но нејзиниот син не сака таа да се меша.

- Бред неколку пати ја молеше својата мајка си да не се спротивставува на Анџелина, но таа сака да ја погледне во очи и да и одржи лекција. Таа е виновна за уништување на животот на нејзиниот син и сака да добие некои одговори - објаснува изворот.

Сепак, никој од актерите во оваа приказна јавно не зборуваше за сето ова.

Да потсетиме, Анџелина и Бред се вљубија на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит во 2004 година, додека тој сè уште беше во врска со Џенифер Анистон. Тие се венчаа во 2014 година, по десет години врска, а веќе во 2016 година се разделија. Нивната постапка за развод се уште трае и главно се води околу старателството над децата. Се чини дека сите ги сакаат само за себе, а во моментов ги делат, што наводно не е проблем затоа што живеат само на еден километар едни од други.

Фото: Инстаграм


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: