Мајката на Илон Маск пред цел свет му го плесна во очи: „Спијам во гаража кога му одам на гости“

Мајката на Илон Маск пред цел свет му го плесна во очи: „Спијам во гаража кога му одам на гости“

Објавена во: Живот // Живот

„Морам да спијам во гаража. Не можете да имате фенси куќа во близина на место за лансирање ракети“, вели таа.


Како многупати досега, така и овој пат, без влакна на јазикот мајката на Илон Маск отворена до срж зборува за врската со нејзиниот најстар син и најбогат човек на светот.

Меј Маск (74) е манекенка и активистка а често во јавноста зборуваше за врската со нејзиниот син, кој е познат како најбогатиот човек на светот и извршен директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“.

Како што вели Меј, отсекогаш се гледало дека Илон е создаден за големи дела, а од тригодишна возраст бил гик и го нарекувале „момчето гениј“.

Во манифестирањето на својот потенцијал многу му помогна неговиот брат Кимбал, кој работеше со него во првата компанија „Зип2“.

Години подоцна, Илон Маск изгради вистинско богатство, но секогаш остана едноставен и скромен човек.

Тоа го потврдува и неговата мајка, која вели дека и покрај големото богатство и тоа што моментално е најбогатиот човек на светот, Илон многу малку е заинтересиран за недвижнини и дека „не поседува ни куќа“, пренесува Мирор.

Како што вели, не и се овозможува никаков луксуз дури и кога го посетува во седиштето на SpaceX во Бока Чика, Тексас.

„Морам да спијам во гаража. Не можете да имате фенси куќа во близина на место за лансирање ракети“, вели таа.

Иако можеби нема да го добие целиот луксуз и гламур кога ќе го посети својот син, тие двајца се многу блиски и таа е негова најголема поддржувачка.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: