Мајли и Лиам не беа единствени: Најголемите разделби во 2019 година
Кои познати личности ги прекинаа романтичните врски во 2019 година? Доколку не успеавте да забележите се што се случуваше на љубовен план на познатите личности, направивме мала листа на разделби во изминатата година.
# Кајли Џенер и Травис Скот
Кајли и Тревис ја ставија врската на пауза во октомври, но таа пауза на крајот се претвори во разделба. Нивниот однос не успеа да го „спаси“ и ќеркичката Сторми, но поради неа сепак останаа во добар однос.
„Покрај сѐ, ќе продолжат заедно да ја одгледуваме Сторми и таа понатаму ќе остане приоритет“ - изјави извор близок на семејството Кардашијан - Џенер на почетокот на октомври.
# Чанинг Тејтум и Џеси Џеј
По неколкугодишната врска раскинаа и познатата пејачка Џеси Џеј и актерот Чанинг Тејтум. „Чанинг и Џеси раскинаа отприлика пред еден месец. Но, и понатаму се блиски и останаа добри пријатели“ - изјави извор близок на поранешниот пар за US Weekly.
Причината за разделбата беше далечината. „Чанинг и Џеси имаат поинакви животни приоритети и нивните фокуси не се поклопуваат. Иако во врска им беше забавна, едноставно не одеше. Чанинг често мора да биде во Лос Анџелес, каде поминува време со ќеркичката Еверли. Џеси пак, често е во Англија.“ - раскажаа изворите.
<blockquote class="twitter-tweet" data-lang="en"><p lang="en" dir="ltr">Jessie J and Channing Tatum split after more than a year of dating. <a href="https://twitter.com/people?ref_src=twsrc%5Etfw">@people</a> reports. <a href="https://t.co/PQb2YXzKVO">pic.twitter.com/PQb2YXzKVO</a></p>— Pop Crave (@PopCrave) <a href="https://twitter.com/PopCrave/status/1207744517690015744?ref_src=twsrc%5Etfw">December 19, 2019</a></blockquote>
<script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
# Ирина Шајк и Бредли Купер
На почетокот на летото се разделија и милениците на американската јавност, Бредли и Ирина. Иако за нивната разделба и развод се шушкаше уште од објавувањето на филмот „Ѕвездата е родена“, во кој Бредли глуми со Лејди Гага, својата разделба ја потврдија дури летово. Иако многумина тогаш мислеа дека Гага е причината за нивната разделба, тоа се покажа како невистина, а за вистинските причини тие двајца никогаш не проговорија.
# Бела Хадид и Д Викенд
Во август врската ја прекинаа и познатата сестра Хадид и пејачот Д Викенд. Иако тоа им беше „втор обид“, прекинаа само една година по разделбата. Иако сакаа врската да им успее и си дадоа втора шанса, сфатија дека се премногу различни и дека едноставно никогаш нема да успеат. За конечната разделба, голема улога играла и оддалеченоста.
# Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус
По помалку од една година брак и долга врска, конечната разделба ова лето ја потврдија и Мајли и Лиам. Иако странските медиуми наведуваа различни причини за разделбата, помеѓу останатото и однесувањето на Лиам и честите забавувања на Мајли. Но, тие двајца ништо од ова не потврдија.
Лија првпат за разделбата проговори на Инстаграм кога напиша: „Поздрав на сите, само брзо да кажам дека Мајли и јас раскинавме и дека и посакувам здравје и среќа во иднина. Ова е прватна работи и не сум, ниту ќе дадам изјава на новинарите и медиумите. Сите мои наводни изјави се лажни. Мир и љубов.“
# Клои Кардашијан и Тристан Томпсон
Разделбата на Клои и Тристан беше најдраматична од сите претходно наведени, а до разделбата дојде поради неговото изневерување. Имено, Тристан ја изневери Клои со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли, Џордин Вудс. Иако неколку пати по разделбата проба да ја придобие и да бидат заедно, Клои јасно му даде до знаење дека за нив повеќе нема шанси.