Мајли Сајрус брутално му го скрши срцето: Лијам Хемсворт сега е во врска со нејзина спротивност

Мајли Сајрус брутално му го скрши срцето: Лијам Хемсворт сега е во врска со нејзина спротивност

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Разделба која е болна за гледање...

Пред неколку години кога Мајли и Лијам изненадно се разделија, тоа ги изненади нивните обожаватели. Беа слатки, заљубени и дури и се венчаа, но бракот не им успеа.

Разделбата на Мајли и Лијам беше главна тема пред неколку години. На никој не му беше јасно зошто Мајли му дозволи да замине. Изгледаа толку среќни заедно, но изгледа дека сепак не било сѐ толку идилично. По нивниот развод, Лијам се повлече во Австралија и беше очигледно дека тешко ја поднесува разделбата.

Денес, три години подоцна, е среќен, бидејќи пронајде љубов, но овој пат малку поинаква. Моменталната девојка е апсолутна спротивност на Мајли. Таа се вика Габриела Брукс и се занимава со моделинг. Двојката пред две години беше уловена како разменува бакнежи, а иако во тоа време не признаваа дека се заедно, сега го потврдија тоа и на Инстаграм.

Извор близок до двојката за „Entertainment Tonight“ раскажа дека таа е потполна противност на Мајли Сајрус. Повлечена е и тивка, не е некој ќе сака да се истакнува и да биде во центарот на вниманието, сака времето да го поминува сама и не е некој кој постојано бара од другите да му даваат внимание. Таа и Лијам се споија откако и двајцата излегоа од прилично сериозни врски. Тоа било само уште една од работите кои ги споила.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: