Мајли Сајрус доживеа несреќа: Авионот во кој летала го удрил гром (ВИДЕО)
На видеото се слушаат и патниците кои врескаат од шок, додека кабината се тресе од ударот...
Авионот во кој пејачката Мајли Сајрус летала за Парагвај, го погодил гром, поради што морал присилно да слета.
Пејачката летала за Парагвај заедно со своето семејство, тимот со кој работи и бендот за да настапи на последниот концерт од својата јужноамериканска турнеја, кога авионот во кој биле го зафатило навреме и морал присилно да слета.
Во видеото кое го сподели на Инстаграм, Сајрус го откри шокантниот момент кога авионот го погодил гром. На видеото се слушаат и патниците кои врескаат од шок, додека кабината се тресела од ударот.
„Нашиот авион го зафати големо и неочекувано невреме и го погоди гром. Мојот тим, бендот, пријателите и семејството, кои патуваа со мене се безбедни по принудното слетување“ - напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм, а подоцна сподели фотографија од оштетување на авионот, на која јасно се гледаат деловите од уништениот метал и изгорени траги.
„За жал, не успеавме да слетаме во Парагвај“ - кажа пејачката која требаше следниот ден на стапи на фестивалот Asunciónico, кој се одржува за првпат по три години.
Организаторите на фестивалот во меѓувреме потврдија дека Мајли нема да настапи на фестивалот.
Нејзиниот лет бил од Богота во Колумбија, каде неодамна настапи во рамките на својата турнеја „Attention“, а последните недели пејачката исто така се појави на фестивалите Lollapalooz во Чиле и Аргентина.
фото: Принтскрин / Инстаграм