Мајли Сајрус ги поддржа сите кои се осамени за време на празниците

Мајли Сајрус ги поддржа сите кои се осамени за време на празниците

Објавена во: Stars // Музика

За некои луѓе празничните денови знаат да бидат многу тешки. Најтешко им е на оние кои се далеку од семејството и се чувствуваат осамено.

Пејачката Мајли Сајрус објави емотивна порака на Твитер, која ја упати до оние кои се чувствуваат лошо за време на овој период од годината. Објави и песна која ја има напишано уште во 2015 година, кога и самата се борела со овие чувства кои преовладувале за време на празниците. Песната ја напишала чувствувајќи се осамено, бидејќи покрај неа не бил оној кој го сака, јавува Her.


„Тажна божиќна песна која ја напишав пред неколку години пред Божиќ. Се чувствував лошо, бидејќи не можев да бидам покрај оној кој го сакам. Иако бев опкружена со семејството и пријателите и понатаму се чувствав лошо.“ - напиша на Твитер Мајли.

„И понатаму приказната е релевантна и некој кој го чита ова може да се поистоветува со мене. Доколку се чувствуваш осамено овие празници знај дека си магично суштество. Посебен си како снегулка, прекрасно единствен и се надевам дека во твојата душа се наоѓа светло, надеж и мир“.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: