Мајли Сајрус отишла „на слепо“ на состанок со Макс: „Најлошо што можеше да ми се случи...“
Еден месец подоцна, тие беа фотографирани зад сцената на специјалот што таа го снимаше за NBC
Пејачката Мајли Сајрус и Макс Морандо се запознале на состанок на слепо.
И додека таа тврди дека така и изгледало, за Макс целата ситуација изгледала поинаку.
- Ни договорија состанок на слепо - почна Мајли за странските медиуми, која за прв пат беше јавно видена во друштво на тапанарот на групата „Лили“ во ноември 2021 година на шоуто „Love Parade“ на Гучи во Лос Анџелес.
- Всушност, за мене тоа беше таков состанок, за него не беше. Си помислив: Најлошото нешто што може да се случи е да се soberam и да си одам – нагласи таа во интервју за британското издание на „Вог“.
Еден месец подоцна, тие беа фотографирани зад сцената на специјалот што таа го снимаше за NBC, „Новогодишната забава на Мајли“. Се држеа за раце и играа заедно.