Македонците не се издвојуваат: Што пребаруваше светот на „Гугл“ во годината на пандемија?
Кои од овие поими ги пребарувавте и вие?
Врз основа на пребарувањата ширум светот во текот на 2020 година, „Гугл“ ја објави листата со најпребаруваните термини.
Оваа година дефинитивно ќе остане запаметена како година на коровирусот, па затоа не е изненадувачки фактот што помеѓу најпребаруваните термини се најдоа многу поими кои се поврзани со пандемијата на Ковид - 19. Како што се очекуваше, најпребаруваниот поим е коронавирус, поточно новиот вирус кој го сврте светот наопаку. Но, кои други работи се најдоа на списокот на „Гугл“?
Да почнеме по ред:
1. Coronavirus
2. Election results
3. Kobe Bryant
4. Zoom
5. IPL
6. India vs New Zealand
7. Coronavirus update
8. Coronavirus symptoms
9. Joe Biden
10. Google Classroom
Освен општо најпребаруваните поими, „Гугл“ објави и што најмногу се пребарува во одредени категории. Целата листа за тоа што пребаруваше светот по категории може да ја погледнете ТУКА.
Но, што пребаруваа Македонците во текот на годината? Се разликуваме ли нешто многу од светот? Ние би рекле не. И жителите на Македонија пребаруваат слични поими како и светот, секако со неколку измени.
Во продолжение погледнете ги 10 - те, најпребарувани поимите од страна на Македонците во оваа 2020 година:
1. coronavirus
2. kupuvam domasno
3. времето утре
4. kupuvam domasno mk
5. worldmeter
6. lms.schools mk
7. weather tommorow
8. domasiedoma
10. microsoft teams
Секако и овде има уште пребарувања кои може да ги погледнете ТУКА.
Очекувавте ли вакви резултати и што пребарувавте вие оваа година?
Р.Х.