Македонец вооодушеви со изведбата на „Ужичко оро“, среде Мелбурн: Свиреше на клавир, па му се придружи и таа (ВИДЕО)

Македонец вооодушеви со изведбата на „Ужичко оро“, среде Мелбурн: Свиреше на клавир, па му се придружи и таа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби.

Ова е поткрепено со видео каде на пијано ја свири добро познатото„Ужичко коло“, придружуван од девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија.

„Оваа година почнав да свирам пијано во центарот на Мелбурн речиси секој ден и имам можност да видам луѓе од целиот свет кои доаѓаат да ме слушаат“, изјави Кристијан.


Шион и Кристијан се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако била воодушевена од свирењето на Христијан, решила да му се придружи и да го прати на виолина.

„Случајно ја запознав девојката и немавме никакви проби, но ова дојде толку ненадејно, спонтано. И кажав дека свириме српска музика и таа се согласи. Таа дојде од Јапонија на одмор во Мелбурн“, додал тој.

Христијан завршил нижо и средно музичко училиште во Битола, а универзитет во Мелбурн. Потекнува од музичко семејство, а во 80-тите татко му свирел на гитара заедно со хармоникашот Урош Антиќ од Ниш.Таткото на Христијан и Урош Антиќ ја основаа првата југословенска група во Мелбурн.

Фото: Принтскрин јутјуб
Извор: /www.kurir.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: