Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Објавена во: После „Школо“ // PR

„Во време кога ја имаме најголемата и најбрза 5G мрежа, треба да размислиме за растечкиот јаз помеѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат 5G уреди. Токму тоа беше нашиот мотив за донација на T Tablet на деца кои доаѓаат од семејства во социјален ризик. Технологијата треба да биде достапна за сите, а ние како технолошки лидер имаме обврска да работиме на еднакво дигитално општество“ – изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Центрите за поддршка се советувалишта при СОС Детско село за родители и малолетни деца во социјален ризик. Преку групни советувања се работи на зајакнување на капацитетите на семејствата и создавање семејства опкружени со љубов, почит и сигурност.

„Еден од главните фокуси во советувањето е вклученоста и редовноста на децата во образовниот процес. А денес тешко може да се замисли образование без интернет. Затоа е многу важна оваа донација на таблети, со која ќе им се овозможи на децата едукативна поддршка и влез во дигиталниот свет.“ – изјави Силвија Димитрова, СОС Детско село.

Македонски Телеком е посветен на намалување на дигиталниот јаз и обезбедување широк пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата на повеќе полиња, од забава до образование.


Македонски Телеком

press@telekom.mk

www.telekom.mk

Пр објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: