Македонските пејачки не им дадоа максимално поени на нашите изведувачи во „Ѕвездите на Гранд“, па фановите ги нападнаа!
Елена Ристеска, Тамара Тодевска и Калиопи беа изборот на Саша Поповиќ за да жирираат на финалето од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Од 16 финалисти, 4 беа од Македонија.
Пејачките можеа слободно да одберат за кој ќе гласаат, па дури и за кандидатите од нашата држава.
Прва се вклучи Елена, која му даде 8 поени на Огнен, 10 на победничката Џејла и најмногу поени, му додели на Мартинијан Кириловски.
Тамара Тодевска пак 1 поен му додели на Филип Пецовски, 5 на Огнен Здравковски, 10 на Дарко Коцевски, а највисоките 12 поени ги даде на Џејла.
Калиопи не беше нешто поразлична од Тамара, 5 му додели на Мартинијан, 8 на Огнен, Дарко 3, а 12 - те и ги додели на Џејла.
Елена Ристеска беше единствена која даде најголем број на поени за македонски кандидат, а по завршувањето на гласањето социјалните мрежи беа преплавени со коментари за начинот на гласање и за тоа колку македонските пејачки не ги поддржалее нашите претставници.