Макфестовската песна „Мое мило“ на Мартина Митревска доби видеозапис
Песната „Мое мило“ со која пејачката Мартина Митревска настапи на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“ деновиве доби и видеозапис. Музиката и текстот на „Мило мое“ се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Кристијан Габроски. Спотот е во продукција на Pyramid Production.
Инаку дваесет годишната Мартина Митревска, со музика се занимава од својата 13 годишна возраст, моментално е трета година на Факултетот за музичка уметност, на теориски смер со потсмер сонологија со мултимедија.
Во продолжение погледнете го видеозаписот за нејзината песна: