Маките не прекинуваат по ретроградниот Меркур: Што не очекува до 29 март?

Маките не прекинуваат по ретроградниот Меркур: Што не очекува до 29 март?

Доколку во претходниот период имавте бројни предизвици, тестови, но и љубовни проблеми кои ве мачеа во животот, сигурно за тоа го обвинувавте ретроградниот Меркур.

Меѓутоа, сигурно не сте знаеле дека за време на следните недели ни се подготвува уште една промена - феноменот познат под називот „retroshade“ кој би можел да влијае на вашето секојдневие, а одредени астролози тврдат и дека можно е да ви се врати непосакуван партнер во животот.

Меркур излезе од ретроградниот период на 9 март, што значи дека до 29 март останува неговата ретроградна сенка. На некој начин, периодот на ретро сенката може да биде многу поиритантен од самата ретроградност. Тоа се оние моменти кога во брзање го напуштате домот и го заборавате телефонот, а тоа не го сфаќате додека не пристигнете до местото на кое сте се упатиле.

„Ретроградниот Меркур всушност се уште не е завршен. Љубовните врски ќе бидат на последен тест кога ќе одлучиме што понатаму. Важно е да се има на ум дека одредени случувања може да се забрзат, но и да дојде до застој кога повторно ќе почнете да ги одложувате работите во животот. Затоа е важно да бидете трпеливи се до 29 март. И да, поранешните партнери може повторно да се појават до крајот на месецот“ - вели Стефани Повел, астролог од интернет порталот Astrology.com.

„Меркур тргнува директно на ист ден со мартовската полна Месечина во Девица, знак со кој владее Меркур. Тоа значи дека ќе се откријат некои големи, сочни тајни, бијдеќи полната Месечина нуди вистина“ - вели Стефани.

Кога Меркур ќе се врати на точката каде го започнува ретроградниот пат и кога сенката конечно ќе заврши, тогаш ќе можете да почувствувате вистински напредок. Што е уште поважно, тогаш ќе може сите колективно да воздивнеме.

„Засега, продолжете и трудете се да не испраќате пораки на поранешните партнери или да не го изгубите телефонот“ - советува Повел.

Атролозите тврдат дека можете да се изгубите себе и својот мир, поради поединечни непријатности на кои секојдневно ќе наидувате. Тогаш имате две опции - да се предадете на негативните влијанија или да го искористите овој период како можност да ги интегрирате сите лекции кои сте ги имале за време претходните неколку недели. Совет е тоа да го надокнадите со телефонски повици, слушање на радио емисии и можеби да правите нешто што порано не ве итнересирало, а не сте успеале да го завршите. Ова е време за истражување.

Иако никој не е имун на ефектите на ова космичко случување, постојат некои „среќни“ души на кои ќе им биде малку полесно. Оние кои се родени во периодот на ретроградната фаза на Меркур (која се јавува три пати во годината и трае три недели), може да се чувствува изненадувачки добро, како конечно да се „во свој елемент“.

Можеби ќе ве интересира: