Макси фустан во боите на катарското сонце: Анастасија Ражнатовиќ во Доха се прошета во комбинација од 1.500 евра (ФОТО)

Макси фустан во боите на катарското сонце: Анастасија Ражнатовиќ во Доха се прошета во комбинација од 1.500 евра (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачката не жали пари кога е облеката во прашање...

Светското првенство во фудбал крена огромна прашина во изминатите неколку дена. Многу познати личности отпатуваа во Катар, меѓу кои и девојките и сопругите на познатите фудбалери.

Една од нив е и Анастасија Ражнатовиќ, која со целото свое срце го бодри на трбите своето момче Немања Гудељ, кој игра во репрезентацијата на Србија.

Но, ова патување, пејачктаа го искористи и за да ужива во убавото катарско сонце, а за таа прилика облече фустан кој не може секој да го носи. Во прашање е макси фустан во бојата на сонцето, со отвори кај половината. Истиот, го искомбинира со шешир и очила за сонце, а целата модна комбинација која ја имаше на себе чини 1.557 евра.

Футанот чини 240 евра, костимот за капење околу 222 евра, шеширот од познатиот бренд Диор - 970 евра и „Ray - Ban“ очилата за сонце 125 евра.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: