Мал херој: 4-годишно момче ја спасило мајка му која имала епилептичен напад
Мајка и син кои имаат проблеми со говорот биле сами дома
кога доживеала епилептичен напад. Неговата брза реакција ѝ го спасила животот.
Шарлот е мајка на момче по име Еса. Момчето има 4 години, но има проблеми со говорот. Еден ден биле сами дома кога Шарлот доживеала епилептичен напад, паднала на подот и ја удрила главата.
„Кога се разбудив, над мене стоеја 3-4 полицајци“, рече таа.
Откако паднала, момчето решило да повика полиција. Тој ја сака полицијата, а бројот го видел на играчката од полициското возило што го имал. Детенцето не ја знаело лозинката за мобилниот телефон на мајка му.
Забележал дека има копче за итен повик, па контактирал со полиција ѝ рекол „Мама падна“. Тој не можел да каже ништо друго, пренесува Би-Би-Си.
За среќа, полицијата ја открила локацијата на повикот и испратила брза помош. Рекоа дека момчето е вистински херој - ја спасил мајка си.
Некои луѓе мислат дека тешкотиите во говорот значат дека личноста има потешкотии да размислува, но момчето покажа дека тоа не е така.
Фото: Фејсбук