Мали трикови за убавина кои секоја девојка треба да ги знае: Како совршено да ставите туш?
Кога тогаш некој од овие трикови ќе ти дојде добро...
Триковите за убавина ги има за да ни го олеснат животот во некои ситуации, па зошто да не ги користите? Проблемот со ваквите трикови што кружат на Интернет е дека не секој е секогаш многу добар и не секогаш функционира. Со овие нема страв, тие се тестирани и функционираат.
Секој од нас има неколку мали трикови што ги користи редовно, кои му помагаат да си го олесни животот кога станува збор за шминкањето, одржувањето на што поубав изглед, организирањето на шминките... Во новото видео, јутберката Магдалена сподели неколку такви трикови што ги користи и што ѝ го олесниле животот. Можеби некои од нив ќе ти помогнат и тебе.