Малиот принц има 7 месеци и 1,6 килограми, носи облека за кукли: На докторите им биле потребни 3 месеци да ја откријат неговата дијагноза
Овој мал принц секогаш ќе се разликува од своите врсници...
Метју Ридл е бебе од 7 месеци, иако многумина по неговата конституција би кажале дека е во прашање новороденче.
Мајката Џеневи Кук ја породиле во 28-та недела, а нејзиното бебе е родено со тежина од смао 450 грама. По 98 дена поминати на одделението за интензивна нега било пуштено дома, но докторите немале јасна дијагноза.
„Прво ни кажаа дека има микроцефалија, дека главата му е помала отколку што треба поради абнормален развој на мозокот. Ни кажаа дека неговиот мозок престанал да се развива, дека најверојатно нема да живее долго и дека квалитетот на неговиот живот ќе биде многу низок“ - вели мајката на малиот Метју.
Три месеци подоцна им стигнале наодите кои потврдиле дека овој мал принц има редок облик на џуџест раст, примордијален џуџест тип 2.
Ова малечко момче ќе може да има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да игра, но секогаш ќе биде мал. Сега тежи околу 1,6 килограми, а родителите му купуваат облека за кукли, бидејќи и најмалите бројчиња направени за бебиња му се преголеми.
Неговата мајка вели дека многу луѓе им даваат поддршка и ги споделува своите искуства со нив, но дека има и такви кои им поставуваат многу неудобни прашања.
Ова преслатко момче е голем борец. Веќе имал една операција, а наскоро ќе оди на уште една, поради мозочните удари и напади кои ги има како резултат на болеста.
Родителите отвориле страница на GoFundMe, на која веќе имаат соберено донација од 6.745 долари. Потребна им е финансиска помош поради честите патувања, докторите и операциите кои ги очекуваат. А, бидејќи имаат уште два сина, буџетот им станува тесен.
„Ќе бидете дел од нешто што на нашиот син ќе му даде подолг живот. Тој е благослов и знае како да го измами најдоброто од луѓето“ - стои на страницата на GoFundMe.
фото: Принтскрин / Јутјуб