Малиот Жељко ѝ даде нов прекар на Анастасија: Гордата тетка се топи додека го слуша

Малиот Жељко ѝ даде нов прекар на Анастасија: Гордата тетка се топи додека го слуша

Објавена во: Живот // Живот

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ сподели неодоливо видео од малиот Жељко Ражнатовиќ кој првенствено ја разнежни неа, а потоа и нејзините следбеници.

Малиот Жељко почна да зборува, а како и секое мало дете, не може јасно да го изговори она што го сака, но звучи пресимпатично.

Имено, Анастасија семејството ја вика „Таса“, но не и наследникот на нејзиниот брат, кој на младата пејачка ѝ даде нов прекар.

Ражнатовиќ го сними малиот Жељко додека ѝ се обраќа со „Тасија“, а таа на него му вели „Молам, Жељко“. Од видеото може да се забележи дека таа се топи додека тој ѝ се обраќа.

Малиот Жељко ги освои и следбениците на Анатасија, кои искомнетираа деак е пресладок и дека се гледа дека има посебна љубов помеѓу тетката и внукот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: