Малиот Жељко реши на свој начин да ja нашминка Анастасија: Ражнатовиќ се заигра и ја насмеа тетка си
Жељко реши да се грижи за својата тетка онака како што мислел дека треба
Малиот Жељко Ражнатовиќ секојдневно носи радост и смеа на семејството, а тие моменти често ги споделуваат со своите фанови.
Имено, покрај неговите многубројни лудории кои често завршуваат на социјалните мрежи, сега се појави и видео кое воодушеви многумина.
Овој пат Анастасија Ражнатовиќ беше на шминка, односно малиот Жељко реши да се вклучи и да ја направи тетка си онака како што мисли дека треба.
Цело време со четка црташе по лицето на Таша, а потоа во еден момент нешто друго му го привлече вниманието и четката заврши во окото на неговата тетка.
- Што убаво ме нашминка Жељко, но не во очи, не - рече Анастасија.
Ова ја насмеа Таша, но и шминкерот, кому на крајот му се заблагодари за помошта.
Извор: www.telegraf.rs