Малите нешта прават голема разлика: Секоја фризура ќе изгледа 100 пати подобро со овој мал детаљ (ВИДЕО)
Фризурите без овој детаљ повеќе нема да бидат исти!
Кога правиш некоја нова фризура, или некоја обична која ја носиш секој ден, тогаш мораш да видиш колкава разлика прават само два прамени. Потребни ти се неколку секунди за да ги извадиш и стилизираш, а фризурата ќе ти изгледа многу подобро.
Дека сите се воодушевени со ова видео, докажува и фактот што девојката на него има собрано повеќе од еден милион лајкови! И тоа со причина, бидејќи навистина докажа колку малите нешта можат да направат голема промена. Во прашање е косата, односно како фризурите изгледаат многу подобро кога се извлекуваат два прамени напред. Тоа го покажа на три различни фризури - кога косата ѝ е скроз пуштена, но предниот дел се наоѓа зад ушите, кога носи висока пунџа и кога косата ѝ е половина фатена, а половина пуштена.
@gjuanita they change everything #hairtok baby hotline - favstf
На секоја од тие фризури покажа како изгледаат без тие прамени, но и со нив, а тоа докажува само едно - многу е подобро кога двата предни прамени се извлечени. Овде речиси и нема многу работа, освен што кога ќе ја собираш косата да ги извлечеш и евентуално малку да ги испрскаш со лак, кој би ги држел на место. Во прашање се две делчиња од косата кои прават огромна разлика, а веруваме дека секоја фризура, која отсега ќе ја правиш, ќе ги има тие две праменчиња напред.
фото: Принтскрин / ТикТок