Малкумина знаат како изгледа синот на Стоја: Го родила на 17 години, сега еден покрај друг изгледаат како пријатели (ФОТО)
Пејачката немала лесен живот...
Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја имала многу тежок живот, а нејзиниот син Милан кој го родила на 17 години речиси никој не го видел во јавност.
Фолк пејачката Стоја Новаковиќ се омажи на 16 години во селото Перлез, доби син, а потоа заврши на улица со бебето во раце откако трагично беше убиен нејзиниот прв сопруг. Имено, тој почина само три години по нивната венчавка, па пејачката на 19 години останала да се бори сама со дете.
„Се омажив многу млада, на 16 години, за човек кој неизмерно го сакав, исто како што тој ме сакаше мене. На 17 години го родив синот и набрзо почнав да настапувам со бенд, со согласност на мојот сопруг. Идилата траеше до 19 години, кога се случи таа несреќа, а потоа сè тргна наопаку“ - изјави своевремено Стоја.
Милан со години живеел во Австралија кај пријателка на Стоја, додека пејачката не изградила име во Србија и не го вратила.
Синот на Стоја завршил средно медицинско училиште, никогаш не барал пари од пејачката, а животот ѝ го направи совршен со две внуци кои денес се целиот свет на Стоја.
Милан со години е вработен во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“.
Инаку, Стоја не сакаше да зборува за својот син за медиумите, но пред неколку години во едно интервју изјави дека е многу горда на него.
- Милан е многу вреден и борбен. Заврши медицинско училиште и се вработи во болница. Горда сум на човекот во кој порасна, иако не бев секогаш покрај него, со оглед на околностите – изјави пејачката во една прилика.
фото: Принтскрин / Инстаграм