Мама и Мика се во болница, јас и тато дома: Вчера 3-годишната инфлуенсерка Фрида стана постара сестра (ФОТО)
Фрида, тригодишната инфлуесерка од Скопје вчера стана постара сестра...
Една од најмладите модни инфлуенсерки од Македонија, 3-годишната Фрида вчера официјално стана постара сестра. Нејзината мајка на свет го донесе нејзиното помало братче, кое го доби името Мика.
„Вечерва, во 22:16 часот, на свет дојде моето братче. Да ни е живо и здраво.“ - стоеше во рамките на опцијата стори, на профилот на малата инфлуенсерка.
„На прашањето каде и како се породи мама и дали е се ок?
И со мене и со бебево се породи во болницата во Чаир, спонтано и без анестезија и на двата пораѓаја (опасна женска е мама). И со мене и со братчето во 36-та недела (почеток на 9-ти месец).
Фала Богу, сѐ е океј и со двајцата. Фала за грижата“ - беше напишано на следното стори.
На крајот, на профилот на малата Фрида, се појави и фотографија на која таа безгрижно спие и на која пишуваше „Мама и Мика се во болница, јас и тато дома“.
Веруваме дека малата инфлуенсерка со нетрпие го очекува своето братче дома, каде ќе може да му покаже сета љубов која ја има кон. Воедно нејзините следбеници со нетрпение уште сега ги очекуваат првите нивни заеднички фотографии.
Инаку, среќните вести за проширувањето на семејството, со своите следбеници Фрида ги сподели кон крајот на октомври минатата година, кога објави видео од забавата по повод откривањето на полот на бебето.
фото: Принтскрин / Инстаграм