Семејството на Фрида се проширува: 3-годишното девојче на уникатен начин дозна дали ќе биде дадичка на братче или сестра? (ВИДЕО)

Семејството на Фрида се проширува: 3-годишното девојче на уникатен начин дозна дали ќе биде дадичка на братче или сестра? (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Фрида, тригодишната инфлуесерка од Скопје ќе биде постара сестра...

Сигурно сите барем еднаш сте налетале на Инстаграм профилот на малата инфлуенсерка Фрида од Скопје, која ги воодушеви сите со својата првоапрлиска маска оваа година. Фотографиите на нејзиниот профил имаат безброј лајкови, коментари, а многумина не го кријат воодушевувањето од харизмата која ја има.

Но, наскоро сме сигурни, дека на фотографиите ќе има и друштво, бидејќи наскоро таа ќе стане постара сестра. Нејзините родители по тој повод организираа цел настан по повод откривањето на полот на бебето, со цел Фрида засекогаш да се сеќава на овој момент.

Имено, тие најмиле две маскоти - машко и женско бебе, а онаа маската која ќе ја земе малата Фрида во раце, всушност го открива полот на бебето. 

Тригодишното девојче за целото време се смее и ужива во оваа забава, а особено се израдува кога сфати дека ќе стане постара сестра на братче. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: