„Мамо поради болеста никогаш нема да најдам другарка“: Тешкото детство на палешка од Смедеревска Паланка

„Мамо поради болеста никогаш нема да најдам другарка“: Тешкото детство на палешка од Смедеревска Паланка

Објавена во: Совети // Семејство

Она што е помалку напишано, но најболно за душата на малата Сандра е самотијата. Сандра нема вистински пријатели и се плаши дека никогаш нема да ги најде

За Сандра Ѓуриќ, палешката од Смедеревска Паланка, досега можевте да прочитате премногу тажни и болни работи за едно дете – дека се гуши, дека има епилептични напади, дека телото ѝ се полни со големи количини со вода, поради што таа е толку отечена и надуена што е мачно и само за гледање.

Списокот на нејзините болести е долг и со сите се бори од раѓање. И со тоа што поради болеста е висока само нешто повеќе од еден метар, па од милост ја нарекоа палешка.

Палешка од неодамна добива нова биолошка терапија. Во нејзиното тело има помалку вода, а и нема повеќе напади. Сепак, девојчето, како што раскажува мајка ѝ Силвија, има големи болки. Таа наскоро ќе биде сместена во болница за контрола, каде меѓу другото ќе го проверат и тоа.

- Не знам, можеби ќе и треба повеќе време за да биде подобра. Ја болат зглобовите, поточно глуждовите и стапалата, па затоа е многу тешко да се движи. Секој ден зема многу лекови. За нив даваме повеќе од 15.000 денари месечно - вели мајката Силвија.

Она што е помалку напишано, но најболно за душата на малата Сандра е самотијата. Сандра нема вистински пријатели и се плаши дека никогаш нема да ги најде.

-Ми рече „Мамо, поради болеста никогаш нема да можам да најдам пријатели“. Запознавме девојка во Бања Ковиљача и се гледаме повремено, но таа нема другарка со која често би се гледала - вели Силвија.

Како мајка постојано ѝ е посветена. Поради нејзината болест, таа повеќе не работи, а таткото на Сандра ги оставил, па таа го прави она што не ни замислувала дека ќе го направи - моли други за помош.


Да потсетиме, оваа преслатка девојка досега беше откриено дека боледува од системска болест на сврзното ткиво, ревматоиден васкулитис и епилепсија.

Силвија и Сандра добиваат детски додаток и социјална помош, кои не им се доволни да ги платат ниту најосновните работи, храна и кирија од 100 евра.

- Од лекови купувам сируп Дапсон, Алфа д 3 од 1 мг, профилакса со Нитрофурантоин од 100 мг, чај нарачан преку аптека во Белград, Германија, Солубитрат за уринарни инфекции, Зодол за болки од 10 мг, кој го пиенаутро и навечер, 1 мг мелатонин за спиење, панразол за желудникот кој го пие два пати на ден... - вели мама Силвија.


Фото: Телеграф - Приватна архива/ Инстаграм

Извор: Телеграф.рс

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: