„Мамо, ти си лоша“: Малиот Џорџ ја навреди Кејт Мидлтон?!
Наводно ова и го кажал за време на фудбалски натпревар минатата недела, но не во контекстот во кој ти можеби помислуваш...
Минатата недела војводката Кејт Мидлтон проба да игра фудбал со група деца во Northern Ireland, а бидејќи и не е вешта во спортовите, не се снајде најдобро.
Па токму тоа, го препозна и нејзиниот син, принцот Џорџ, кој додатно ја „уби“, пишува MarieClaire.
Имено, Џорџ и рекол: „Мамо, ти си навистина лоша“, притоа мислејќи на нејзиниот начин на играње фудбал и на ништо друго, но колку и да ни е ова слатко од една страна, толку е и чудно... Џорџ, најверојатно е навистина критички настроен уште од мали нозе.