Маникир кој означува лето: Хит е на Инстаграм и во козметичките салони (ВИДЕО)
Задржете го летото што е можно подолго со прекрасниот маникир со школки...
Нема често да видите релјефен маникир кој не ја преминува границата на добриот вкус, а тешко е да го замислиш како опција со која со која непречено ќе ги завршуваш секојдневните обврски.
Но, дека некои суптилни верзии може да изгледаат многу шик, потврдува и маникирот, кој е идеален за летните денови кои се пред нас. Маникирот, кој личи на надворешноста на школките, доаѓа во разни верзии, а посебно интересни се оние со бисери во дизајнот.
Тој е еден од оние маникири кои скоро е невозможно да се направат дома и кој бара голема вештина. Може да послужи како совршен потсетник на летото и морето, но и начин да се задржи безгрижното чувство на најтоплата сезона што е можно подолго.
Најубавиот пример на овој релјефен маникир ја воочивме во визуелните прикази на американската уметница за нокти, која на својот профил објави и краток туторијал:
Додека долгите нокти во облик на бадем со овој „морски“ маникир влегуваат во смелата верзија на овој тренд, можете да пронајдете и голем број суптилни верзии кај кои школки има само на еден нокт.
фото: Принтскрин / Инстаграм