Маникир направен во автомобил: Оваа девојка ги надмина сите уметници (ВИДЕО)
Ако некој има мирна рака, тогаш тоа е оваа девојка...
Ова е уште еден доказ колку се способни девојките. Оваа девојка додека патувала си направила комплетен миникир во автомобилот.
Имала нешто помалку од 3 часа за да направи комплетен маникир на ноктите. Но, тоа не ѝ било проблем со оглед на тоа што успеала. Оваа девојка докажа колку девојките се способни, бидејќи по пат успеала да направи маники и тоа не било каков, туку вистинска уметност на нокти за што е потребна екстремно мирна рака. Од материјали со себе носела сѐ, па дури и мини светилка, која работи благодарение на полначот во автомобилот. Крајниот резултат навистина изгледа предобро.
@thegraytergood i really do dare you to try this #diynails #nails #nailtutorial /// from @Le Mini Macaron , found it at @target /// #beautyhack #leminimacaron #targetfinds #nailsartvideo #springnails #WomenOwnedBusiness #OscarsAtHome to the salon - char
Некои девојки немаат вакви потези со четка дури ни во мирна положба дома, додека таа, сето тоа го направила возејќи се во автомобил. Корисниците на ТикТок кои го видоа нејзиното видео не го криеја воодушевувањето, па во коментари напишаа: „Ова треба да се смета за екстремен спорт“, „Во ред, ти си талентирана, но како се снимаше ако си ги користела двете раце?“. На вториот коментар девојката одговори дека мобилниот го држела со заби додека морала да ги користи двете раце и на тој начин го снимила видеото. Тоа е навистина голема жртва.
фото: Принтскрин / ТикТок