Маникир поради кој ноктите ќе ти изгледаат подолги отколку што се: Идеален за девојки кои не сакаат да имаат долги нокти (ВИДЕО)
Не само што ги издолжуваат, туку изгледаат и убаво, уредно и елегантно!
Иако постојат разни миникири, овој дополнително ќе ти ги продолжи, особено ако ти се многу кратки! Освен тоа, многу е едноставен и елегантен, па е идеален за посвечени пригоди.
Ако можеби имаш проблем, бидејќи ноктите не ти растат или ти пукаат, тогаш треба да знаеш за овој маникир кој ги издолжува. Сигурно веќе си го видела, но можеби не ти оставил впечаток дека тој всушност ги издолжува нотките, бидејќи тоа најдобро ќе го забележиш на твоите нокти, со оглед на тоа што ти најдобро знаеш која е нивната должина. Во прашање е дизајн кој многу потсетува на популарниот француски маникир, но сепак не е ист таков.
Тука, белата линија е во облик на буквата У на латиница, како и кај францускиот маникир, само што таа линија е потенка и издолжена на страничниот дел од ноктите, за дополнително да ја нагласи нивната длабочина и визуелно да ги издолжи. Но, уште подобра комбинација е кога со таа бела линија ќе се искомбинира и некоја друга линија, но во друга боја, бидејќи ноктите така ќе изгледаат уште подолги. Освен овие модели, може да се направат и варијации каде ќе имаш само една линија во боја која не е бела, како кафена, сина, зелена или розова, а тие исто така визуелно ќе ги ти издолжат ноктите, поради што ќе изгледаат како да ти се подолги.
фото: Притнскрин / Инстаграм / ТикТок