Марамите се голем летен хит: 4 начини како да ги носите сезонава
Марамите околу главата се вистински хит летово, но
исто така тие се носат и како топови. Топ со марама е вистински хит сезонава, а
ние ви предлагаме неколку интересни верзии како инспирација. Ги обожаваме овие
модели затоа што можеме да создадеме различни форми и во зависност од формата
тие можат да бидат многу женствени или провокативни.
Марамата е една од
најпосакуваните додатоци во текот на летото кога станува збор за стилизирање на
косата, но не е единствениот начин на кој може да ни користи. Долгите марами
можат да ни послужат како парео на плажа, а има и разни начини на кои можеме да
ги врзуваме за да формираат одлични топови. Имено, топовите направени од марами
ги преплавија социјалните мрежи и покажаа како ќе ги гледаме ова лето и на
плажите и по градските улици.
Постојат неколку причини зошто љубителите на
модата го обожаваат овој тренд. Првата е должината на марамата, можете да
создадете различни форми и да ги прилагодите на структурата на вашето тело со
едноставни движења. Покрај тоа, повеќето од нас имаат неколку марами во нашите гардеробери
и создавањето на овој летен топ не бара дополнителен трошок на пари. Исто така,
при изборот на бои и модели, можете да влијаете на тоа колку ќе биде впечатлива
вашата комбинација и со избирање на посакуваниот крој, можете да одредите колку
ќе биде провокативен. Ако барате инспирација, ви претставуваме неколку примери
за тоа како можете да изработите марама како топ.
1. Триаголник
Секако наједноставното решение е да ја преклопите марамата дијагонално во триаголник и да ги врзете краевите околу грбот, додека
подолгиот крај ќе го покрие вашето торзо. Толку едноставно, и толку ефикасно!
2. Краток топ
Можете лесно да креирате краток топ од марама, на
кој ќе му дадете посебен шарм со врзување во средина. Покрај подобрувањето на
целокупниот изглед, гарантира дека топот ќе остане на своето место.
3. Топ на едно рамо
Топ на едно рамо се создава со преполовување на марамата
на половина и поврзување на пократките краеви на добиениот триаголник околу
половината, додека подолгиот крај да паѓа над рамото и да се поврзува со
постојниот јазол на задниот дел.
4. Марама врзена околу вратот
Најсмелите со задоволство ќе се одлучат за оваа
провокативна верзија на топ, марамата се поставува околу градите, а потоа
нејзините краеви се врзуваат околу вратот за да се обезбеди цврстина.
Фото: Инстаграм