Марго доби неверојатна понуда поради еден кадар во филмот „Barbie“: Понудена ѝ е соработка вредна 300 илјади евра
Главната улога на
филмот „Barbie“ кој ги сруши
сите рекорди, актерката Марго Роби, иако заработи милиони долари, деновиве доби необична понуда. Имено, сопственичката
на платформата „Fun With Feet“, која, очигледно објавува фотографии од стапала,
на актерката и испратила понуда вредна 250.000 фунти или нешто повеќе од
293.000 евра.
Како што пренесуваат медиумите, основачката на платформата ѝ понудила да ги продава фотографиите од нејзините стапала, откако кадарот во филмот со нејзините стапала ги „полуде“ фановите.
-Од стапалата на Барби се заработуваат луди пари, верувајте ми, заклучила таа, а понудата ја испратила и до Рајан Гослинг, кој го игра Кен.
Фото: youtube/screenshot