Марија е многу поголем фраер од многу мажи: Сања Вучиќ проговори за запросувањето на концерот на Шерифовиќ

Марија е многу поголем фраер од многу мажи: Сања Вучиќ проговори за запросувањето на концерот на Шерифовиќ

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката вели дека уште не добила прстен и дека нема доказ дека се верени...

Атрактивната „Ураганка“, Сања Вучиќ беше гостинка на концертот на Марија Шерифовиќ. Врвот на првата вечер од низата концерти беше кога Шерифовиќ ѝ го врати долгот од 20 евра на Сања, поради загубената кладба, а потоа и ја запроси.

Вучиќ не криеше дека гестот на Марија ја изненадил, а не ги штедеше ни комплиментите на сметка на пејачката. Сања истакна дека Шерифовиќ е поголем фраер од многу мажи.

„Бев изненадена кога ме запроси. Секако, се согласив! Марија е легенда, царица, џек... Ма поголем фраер од многу мажи! За жал, не ми даде прстен, па уште немам доказ дека сме верени. Ма, кој не би се омажил за победничката на Евровизија?“ - кажа Сања за „Информер“.


Сања призна дека моментално е сингл и не крие дека Марија е првата личност која ја запорсила.

„Никогаш не сум била запросена! Ниту некоја жена ми понудила брак, ниту маж. Особено не пред илјадници луѓе на сцена! Моментално сум сама, па Марија ја искористи можноста. Ете, немам момче, а немам ни девојка“ - кажа Вучиќ, која на крашањето дали има додворувачи одговори:

„Секогаш ги има! Мажите ми приоѓаат, ми се додворуваат, но за сега ниту еден не ми падна во очи. Ми пишуваат и на Инстаграм, ми испраќаат и фотографии од интимните делови на телото! Не ги чувам тие фотографии и не ги споредувам половите органи, туку ги бришам. Тоа ми е дегутантно! Кога станува збор за жените, тие ми делат само комплименти, не се навалуваат како мажите. Ако, бидам со некој во врска, тоа мора да биде некој кој е паметен и талентиран, како што е Мара за пеење“.

фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: