Марија Микиќ учествувала во познато музичко натпреварување: Еве како изгледала тогаш (ВИДЕО)
Марија Микиќ денес е еедна од популарните пејачки на српската јавна сцена, која кариерата ја гради темелно и полека. Меѓутоа, малкумина знаат дека таа има учествувано и во едно музички натпреварување.
Во прашање е некогаш популарното натпреварување „Први глас Србије“, на кое Марија не се пријавила сама. Имено, неколку нејзини пријатели и неа ги пријавил другар, со кој имале бенд.
За порталот „24седам“, пејачката откри по што ќе го памети тој период, но и дали денес би се пријавила за некое натпреварување доколку не е позната.
„Највпечатлив момент беше кога пропаднав низ дупка. Имав чувство дека ќе испаднам, бидејќи бев најнеискусна, тие го препознаа мојот талент и боја на глас, но тогаш не бев подготвена на тоа во животот. И на пробите барав да пропаднав низ дупка, да би знаела што ме чека. Многу е чудно кога ќе го изгубиш тлото под нозете“ - вели Марија.
Пејачката истакна дека денес не би се пријавила да биде учесник во музичко натпреварување, бидејќи смета дека донела вистинска одлука што кариерата ја започнала во некои позрели години.
„Никогаш. Мислам дека тоа е добра работа за младите луѓе, да направат кариера, луѓето да слушнат за нив, да се афирмираат, но јас од оваа перспектива никогаш не би го направила тоа. Секако дека кариерата треба да почне да се гради на 19, 20 години, но на мене многу ми помогна што почнав со тоа дури кога созреав, бидејќи тогаш знаев што сакам, а што не“ - истакна таа, па продолжи:
„Мислам деак може да биде многу проблематично кога си дете, не знаеш што сакаш, ја бркаш популарноста и некој да го слушне и види твојот талент, па можеби ќе тргнеш по некој пат по кој не би требало. Постојат разни натпреварувања, дури и за деца каде не знаеш уште кој си, а ни што сакаш“.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб