Марија Шарапова објасни зошто се повлече од тенисот и со што се занимава сега
Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова го најави своето пензионирање во февруари годинава и покрај тоа што имаше само 32 години.
Сè укажуваше на тоа дека таа веќе е уморна од борбата со хронична повреда на десното рамо, што ја спречуваше да игра на високо ниво, но таа призна дека тенисот веќе не ѝ бил примарен во еден момент.
Победничката на пет грен слем турнири и поранешната најдобра тенисерка на светот во интервју за АД откри зошто реши да се повлече од тенисот.
„Ова е прашањето што си го поставив неколку пати во последните неколку месеци пред да објавам дека ќе се пензионирам. Мора да се погледнеш себеси во огледало и да видиш како се чувствуваш, што ти кажува твоето тело, а исто така и што ти вели умот. Сфатив дека сум тука, но не како тенисер и дека ја изгубив од вид конкуренцијата. Тешко беше да се фокусирам. Долги години бев фокусиран само на спортот и давав сѐ од себе за да постигнам резултати, но се изгуби и време беше да се отворат нови хоризонти“ - призна убавата Русинка.
Денес, Маша е популарна во некои нови води. Таа се сврте кон сопствениот бизнис и инвестираше во компании за здравство, фитнес и убавина, а истовремено презема целосна контрола врз кондиторската компанија „Сугарпова“ (кондиторска индустрија), која ја основаше во 2012 година.
„Претходно, не можев да обрнам внимание на деталите, но во еден момент сфатив дека треба да започнам сопствен бизнис“ - откри Русинката.
Шарапова неодамна инвестираше и во еден од нејзините омилени велнес брендови, „Therabody“, кој, на пример, има популарен преносен уред за масажа наречен „Theragun“. Таа исто така инвестираше 900.000 американски долари со Марк Кубан (сопственик на Далас Маверикс во НБА) во Бала Банглс, кој е сопственик на популарнитае пондерирани нараквици.