Марија Шерифовиќ морала да полага класен испит: Не одела на настава, па останала неоценета по дури четири предмети
Учењето не ѝ одело од рака...
Марија Шерифовиќ на балканската музичка сцена постигна успех со кој малкумина може да се пофалат, но изгледа дека училишните денови не ѝ оделе како што сакала.
Пејачката во родниот Крагујевац завршила основно и средно училиште, што очигледно ѝ паднало тешко. Со незадоволство одела на настава, па поради тоа едвај ја завршила четвртата година од гимназиското образование.
Како што може да се види од евиденцијата од Првата крагуевачка гимназија, Марија не ја завршила успешно наставата и поради тоа наставно-научниот совет ја испратил на класен испит по дури четири предмети.
„Марија Шерифовиќ, ќерка на Рајко и Верица - музичар, родена на 14 ноември 1984 година во Белград. Годината не ја завршила со успех, туку се упатива на класен испит по предметите: социологија, филозофија, француски јазик и физичко воспитување“ - пишува во известувањето кое го дало училиштето, тврди „Курир“.
Од ова може да се заклучи дека дека Шерифовиќ е испратена на класен испит поради големиот број изостаноци, а законот предивидува ученикот да се упати на класен испит доколку не посетувал една третина од часовите од вкупниот фонд за еден предмет, што во пракса изнесува околу 25 изостаноци од еден предмет.
Класниот испит не е лесен за ученикот, бидејќи тој треба да одговара на целиот материјал, па можеме само да претпоставиме колку труд и време требало да вложи Марија за да го надополни сето она што го пропуштила во последната година од средното образование.
Самата Марија еднаш истакна дека сакала да се запише во средно музичко училиште, но бидејќи немала време да се подготви за приемниот испит, се запишала во Првата крагуевачка гимназија.
„Ја избрав познатата гимназија, само затоа што беше во зградата до музичкото училиште. Немав голема желба да ја посетувам таа гимназија, но сега сум среќна што работите испаднаа така, бидејќи во ниту едно друго училиште немаше да добијат општо знаење како во неа. Првите две години ми беа одлични, а потоа повеќе бев пред училиште отколку во него, бидејќи почна мојот интерес за музиката“ - изјави тогаш Марија, па додаде:
„Самиот Бог го испрати професорот Миланко Стефановиќ да ми биде класен раководител, бидејќи ме покриваше кога попуштив во учењето. Беше музичар во слободно време, свиреше романси на хармоника, па ја сфати мојата потреба за музика. Другите професори не беа толку љубезни кон мене како тој. Премногу тренираа строгост на мене. Бидјеќи не беа прекрасни, јас годините ги завршував како добар или многу добар ученик. Да бидам искрена, немам фантастични спомени од средното училиште, бидејќи наставниците немаа разбирање за мене.“
фото: Принтскрин / Инстаграм