Марија Шерифовиќ објави ретка фотка со мајка ѝ: Пред 7 години, Верица победи во најважната борба, а се многу слични
Марија Шерифовиќ ги разнежни обожавателите со ретка фотка со мајка ѝ Верица...
Пејачката Марија Шерифовиќ објави ретка фотографија со својата мајка Верица која имала тежок животен пат.
„Замислете, оваа фотка не ја спонзорира никој! Оваа содржина не е платена. Ова е едно најобично брзинско селфи. На оваа фотка се наоѓаат Верица Шерифовиќ и нејзиното лудо младенче. Те сака, Буцка“ - напиша Марија покрај фотографијата на која ја има прегрнато својата мајка.
На својата објава доби низа позитивни коментари: „Колку љубов на едно место“, „Една е мајка“, „Ти и мајка ти сте идентични. Прекрасно“, „Две кралици“, „Најслатка фотка“.
Инаку, мајка ѝ на Марија е исто така пејачка и многумина имаат заборавено дека токму таа, пред светлата на рефлекторите да бидат вперени кон нејзината ќерка, била врвна во својата работа и никој не можел да ѝ парира кога била на сцена. Посебно блескала на ромските венчавки.
Популарната фолк пејачка Верица Шерифовиќ првпат се омажила за тапарот Рајко Шерифовиќ. Две години подоцна Верица и Рајко ја добиле ќерката Марија, која талентот за музика го има наследено токму од нив.
На прашањето каков однос имала со него, таа во емисијата „Гламур специја“ кажа: „Па имаше од сѐ по нешто и многу љубов и кавги. Важно е она што произлезе од таа љубов, а тоа е Марија.“
Меѓутоа, брачните проблеми не можеле да се надминат, па тие се разделиле.
„Марија заврши средно училиште, отидовме во Белград, се разведовме, јас таму почнав нов живот. Кога нешто не оди, тогаш треба да се стави крај“ - објасни Верица.
Не траел долго ниту вториот брак на пејачката. Од вториот сопруг се разведе во 2007 година.
Во 2015 година излезе како голем победник од најважната битка во својот живот. Ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а таа ниту тогаш не се откажа и сето тоа го помина со насмевка на лицето.
фото: Принтскрин / Инстаграм