Марија Спасовска се врати со награда од Бугарија: Добив огромен аплауз од публиката во Варна!
Младата пејачка Марија Спасовска ја збогати својата биографија со уште една награда. Имено, таа на фестивалот за филмска музика „Арлекин“, кој се одржуваше во Варна, Бугарија го освои третото место. Се претстави со песната од безвременскиот филм „Титаник“, „My heart will go on“.
„Пресреќна сум. Со мојот настап се претставив себеси и Македонија најдобро што можам. Мојата биографија ја збогатив со уште една Диплома (3-то место). Со мојот настап успеав да го привлечам вниманието на интернационалното жири и да добијам огромен аплауз од публиката на Летниот театар во Варна. Меѓу Бугарија, Израел, Германија, Италија, Грузија, Бразил... Македонија се спомна со освојувањето на една од трите награди“ - напиша младата пејачка на својот Фејсбук профил.
Во продолжение погледнете го настапот, на кој публиката во Варна не остана рамнодушна.