Марија Тасевска: „Ракометот е моја најголема љубов, љубов во која вложувам сѐ од себе!“
Има сaмо 18 години, а зад себе безброј успеси. Младата и надежна ракометарка Марија Тасевска, која игра во тимот на РК Металург, за Hashtag.mk открива дел од својата ракометна историја, како и дел од плановите за во иднина. Во продолжение прочитајте што одговори таа на нашите прашања.
# Колку долго се занимаваш со ракомет?
Ракомет започнав да тренирам кога имав 10 години. Можам да кажам дека на почетокот тренирањето беше непрофесионално, но тоа не го менува фактот дека и тогаш бев посветена на тренинзите. Со текот на времето како што поминуваа годините и растев сменив неколку категории на натпреварување од пионери, кадети, младинци сѐ до ден денес каде играм за првиот тим на мојот клуб РК МЕТАЛУРГ и се занимавам професионално со тоа.
# Кој е заслужен за твојата љубов кон ракометот?
Мојата прва заинтересираност кон ракометот се роди како што кажав погоре на 10 години односно во периодот кога учев во основно училиште и почнав да тренирам во РК МЕТАЛУРГ. Во моето семејство секогаш се почитувал спортот и уште од мала имав целосна подршка од моите родители и браќа. Со текот на годините ракометот стана моја најголема љубов, љубов во која вложувам сѐ од себе и со секој даден гол и победен натпревар ги обновувам моите емоции.
# Која е твојата позиција на терен?
Играм на позицијата лево крило, понекогаш среден бек, односно централен бек.
# Моментално си во РК МЕТАЛУРГ, но кога би можела да бираш во кој евпроски клуб би сакала да играш?
Сите знаеме дека во европските земји многу е развиен и популарен ракометот како спорт. Има многу екипи што ми се допаѓаат и каде што би сакала да играм еден ден, но еве би го издвоила РК ЃЕР – Унгарија.
# Дали напорните тренинзи ти пречат во учишлите обврски, во дружбата со пријателите?
Од рано наутро мојот ден е исполнет со обврски. Учам во ДСУ „Спортска Академија“ и сум во паралелката определена за Ракомет каде што се вклучени многу тренинзи, но сепак не го запоставувам учењето и сум одличен ученик, а оваа година сум и матурантка. Дружењето со пријателите ми е неизоставен дел од денот и покрај сите обврски наоѓам време да се дружам и со нив.
# Иако си уште млада, имаш ли некој постигнат успех на кој си посебно горда?
Горда сум на многу мои постигнати успеси меѓу кои ќе ги одвојам: Кадетското Eвропско Првенство 2017 година во кое бранејќи ги боите на нашата репрезентација со тимот освоивме 4. место, а јас бев избрана за најдобро „лево крило“ на турнирот и бев во „All Star Team“. Исто така сум горда на мојот настап и ми е чест што со мои 17 години бев дел од составот (и сѐ уште сум) на А селекцијата односно првиот тим на репрезентацијата и ја претставивме Македонија на Медитеранските игри во Шпанија. Можам да издвојам и неколку титули и награди за најдобар играч во Македонската лига со РК МЕТАЛУРГ.
# Омилена ракометарка со која би сакала да играш во ист тим?
Мојата омилена ракометрка е Нора Морк која игра во тимот на унграскиот ЃЕР и би била исклучиво среќна ако еден ден заиграме во ист клуб.
# Како за крај дали може да ни откриеш со што би сакала да се занимаваш, а тоа да не е ракометот?
Искрено немам размислувано на вакво прашање, но кога не би се занимавала со ракомет би сакала да бидам актерка.
Ивана Мисајловска