Марина е погребана покрај син ѝ: Иконата на неговиот гроб крие силна порака
Хитмејкерката Марина Туцаковиќ вчера беше погребана во семејната гробница покрај синот Милиш Радуловиќ, кој почина на 24 години.
Нејзе на последното патување ја испратија сопругот Александар Фута Радуловиќ и синот Милан Радуловиќ Лаќа, во присуство на најблискиот круг роднини, пријатели и соработници од естрадата, а еден детаљ на гробот на Милош особено го привлече вниманието на присутните.
Станува збор за иконата Богородица со дете, која ја прикажува најважната вредност во христијанството - љубовта помеѓу мајката и детето.
фото: RAS SRBIJAИнаку, последната желба на Марина беше да биде погребана покрај син ѝ, а не во Алејата на заслужни граѓани, што ѝ ја исполнија сопругот и синот.
Туцаковиќ почина на 19 септември на 67 - годишна возраст.