Марина ѝ напишала песна на Наташа која сè уште не е објавена: Називот ќе ви ја заледи крвта во вените

Марина ѝ напишала песна на Наташа која сè уште не е објавена: Називот ќе ви ја заледи крвта во вените

Објавена во: Живот // Живот

Наташа Беквалац песната ќе ја објави на својот нов албум...

Зад Марина Туцаковиќ, која нè напушти на 68 -годишна возраст по тешката борба со злобната болест, останаа многу хитови, објавени и необјавени песни што им ги напиша на бројни ѕвезди, вклучувајќи ја и Наташа Беквалац.

И додека многу пејачки жалат што не им остана необјавен ниту еден од текстовите на Марина, Наташа Беквалац ја има честа и понатаму да има необјавена песна што ја напиша за неа.

На новиот албум на пејачката, со кој би требало наскоро да ја израдува публиката, ќе се најде и песната која се вика „Излечена“, а чиј творец е Марина.

Песната веројатно ќе се однесува на љубовниот живот на Наташа, но по смртта на Марина, називот добива сосема друга конотација.

„Не знаев дека тоа ќе го дознаете. Сега се наежив. Не можам да кажам дека таа песна ја лекува душата, попрво би кажала дека зборува за душата“ - кажа Наташа по овој повод за „Ексклузивно“.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: