Марина има Даунов синдром, а средното музичкото училиште во кое сакаше да се запише реши да ја понижи до крај: Никола за нанесената неправда врз сестра му

Марина има Даунов синдром, а средното музичкото училиште во кое сакаше да се запише реши да ја понижи до крај: Никола за нанесената неправда врз сестра му

Иако е дете со Даунов синдром, на Марина ѝ побарале да полага приемен испит идентичен со оној што им бил даден на другите деца, што значи дека не бил во согласност со нејзините можности.

Марина Самарџиќ од Пожаревац, Србија е дете со Даунов синдром кое реши да се посвети на музиката, па заврши основно музичко училиште. Таа свири на хармоника, и има освоено многу награди на натпревари. Денес, кога сака да го продолжи образованието, наидува на проблеми создадени директно од училишната администрација.

Приказната на малата Марина ја крена на нозе цела Србија, а нејзиниот брат Никола, лут и разочаран реши да ја раскаже неправдата што ја доживеа неговата сестра.

- Марина досега имаше живот од бајките. Покрај со музика, таа се занимава и со танц и е навистина социјално активна. Таа е ценета и почитувана меѓу нејзините пријатели музичари и помина прекрасно време во основно училиште, генерално е среќна девојка - вели Никола за српски Ноиз, кој вели дека расположението ѝ се променило од моментот кога требало да полага приемен испит за средно музичко училиште.

Според него, Марина добила потврда дека може да се запише во училиштето „Стеван Мокрањац“, но заменик директорот одеднаш престанал да им дава информации за тоа како би изгледал приемниот испит, што треба да подготви и слично...

- Два, три дена пред приемот, бевме информирани за датумот и дека Марина ќе дојде да полага со другите деца. Таму ѝ поставија прашања за кои никогаш не чула и буквално беше изложена на омаловажувања и дискриминација. Некои професори рекоа дека ја подготвиле за овој испит, а вистината е сосема поинаква. Морам да потенцирам дека таму има и добри професори кои ја замолија да свири нешто што може за да ја развеселат малку и да не се чувствува толку понижено. Буквално доживеа стрес во текот на тие два часа - вели Никола.

Додека малата Марина поминува низ тежок период поради сè што помина на овој испит, семејството се обидува да најде одговор зошто нема прилагоден приемен испит за нивната сестра и ќерка и децата како неа, ако веќе има инклузивна програма во тоа училиште, но, никој не сака да ја објасни оваа ситуација.

- Би разбрале ако се јавија и рекоа дека е одбиена за запишување во училиште поради одредена причина, но ја поканија на приемен испит. Очигледно е дека сакаа да ја понижат сестра ми до крај - искрен е Никола, кој при разговорот потврди дека Марина не го положила приемниот испит.

Семејството тврди дека администрацијата на училиштето не ги известила навремено и правилно затоа што, како што велат, „поправедно би било кога би рекле дека таа не може да се запише во тоа училиште, отколку што и дадоа лажна надеж и ја изложија на прием за кој не беше подготвена “ вели мајка ѝ, но додава дека се горди на неа иако не го положила приемниот испит.

Додека на семејството Самарџиќ им се закануваат дека ќе ги тужат бидејќи јавно зборуваат за овој случај, тие се консултираат со адвокати кои тврдат дека училиштето го прекршило законот со ова и дека не смеат да третираат девојче со Даунов синдром на овој начин. Исто така, случајот беше пријавен кај Заштитникот за рамноправност и еднаквост, како и кај Просветниот инспекторат.

извор: Noizz.rs / telegraf.rs



Можеби ќе ве интересира: