Марк Цукерберг откри голема вест со сопругата: „Среќен сум што можам да го споделам ова со вас!“
Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан го очекуваат своето трето дете, девојче, кое треба да пристигне следната година
Извршниот директор на Мета и основач на Фејсбук, 38-годишниот Марк Цукерберг и неговата 37-годишна сопруга Присила Чан го чекаат своето трето дете, а радосната вест ја објавија каде на друго место освен на социјалните мрежи.
„Многу љубов. Среќен што можам да ја споделам веста дека Макс и Агуст ќе добијат сестра следната година“, напиша Марк покрај фотографијата на која се смешка со Присила.
Двојката е во брак од 2012-та година, а се запознале на забава на Универзитетот Харвард во 2003 година, а девет години подоцна се венчале на церемонија во дворот на нивниот дом во Пало Алто.
Извор: dnevnik.hr