Марко е херој: Во чест на Свети Наум Охридски преплива неверојатни 30 километри од Струга до Свети Наум
Девет часа и дваесет и шест минути му беа потребни на Марко Пејчиновски да ја преплива делницата од Струга до манастирот Св. Наум во чест на празникот Св. Наум Чудотворец.
На целта кај Св. Наум Марко беше поздравен од голем број посетители кои го преплавија манастирот на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум, а ова беше четврто препливување на Охридското Езеро на Марко за ова лето.
Охридскиот супер херој летово ќе преплива уште 6 делници на Охридското Езеро, вкупно 10, во вкупна должина од околу 250 километри.
Марко Пејчиновски пред четири години, на само 12 години го преплива Охридското езеро и покрај здравствените проблеми односно некрозата на ногата, по што стана херој и пример за издржливост, посветеност и љубов.
Тој во 2018 година собра еден куп награди, беше потенциран како херој чии стапки треба да се следат, а неговата желба и вљубеност во водите на македонскиот бисер не застана со тоа.
ВИДЕО: